Македонија
3. јуни 2017 - 14:53

Штипски „Исар“ инвестира во сервисна гаража

Штипското комунално претпријатие „Исар“ гради современа гаража во која ќе се сервисира возниот парк на претпријатието. 

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев вели дека гаражата ќе биде изградена во рамки на новиот објект на претпријатието и оти во оваа модерна сервисна гаража наскоро ќе бидат сместени сите возила.

- Оваа гаража ќе служи за поправка на возилата, а ќе има одлични услови за вработените овде. Освен подобри услови за работа, сервисната гаража ќе им го продолжи векот на возилата. Со нив, „Исар“ имаше голем проблем, особено во текот на зимскиот период, кога тие стоеја на отворено, вели Бојаџиев.

За сите овие градежни активности, ЈП „Исар“ од сопствениот буџет издвои околу 20.000 евра. Најголемото комунално претпријатие во источна Македонија располага во 40 возила, а наскоро ќе се набави и возило за чистење на депонијата.