Штипската патека целосно ќе се осветли
Штипските јавни претпријатија продолжуваат со уредувањето на пешачката и велосипедска патека, која е изградена покрај кејот на реката Брегалница, најави на денешнта прес-конференција директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев.
Тој истакна дека пешачката и велосипедска патека е во должина од 5,5 километри, еден дел е осветлен, а во текот на наредните месеци ќе продолжи поставувањето на уличното осветлување од штипската населба „8 ми Ноември“ до приградската населба Стар Карорман.
- Претходно знаете дека штипјани немаа каде да рекреираат, еве сега благодарение на локалната власт гледате дека патеката е еден од најдобрите проекти кои ги има направено градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев. Голем број граѓани редовно ја посетуваат има некаде над 500 граѓани, па и повеќе кои шетаат на оваа патека, вели Бојаџиев.
Тој забележа дека екипите на ЈП „Исар“ холтикултурно ја уредија патеката, а исто така поставени се и канти за отпадоци и клупи. Постојано се чисти и уредува патеката, а се апелира граѓаните да се грижат за неа во делот на комуналната хигиена и за дрвцата и зеленилото околу неа.
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023