Македонија
5. January 2017 - 14:21

Штипската Филтер станица доби апарат за бактериолошко испитување на водата

Штипската Филтер станица денеска доби нова опрема за бактериолошко испитување на водата за пиење. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев на денешната прес-конференциja информира дека новата опрема е во вредност од 5.000 евра.

- Ние како ЈП „Исар“ континуирано ќе ја опремуваме и надградуваме Филтер станицата, овде не се штеди се со цел граѓаните да имаат квалитетна и здрава вода за пиење, а и сами знаете дека водата која ја пиеме е меѓу најквалитетните води во Република Македонија, вели Бојаџиев.

Надлежните во Филтер станица објаснуваат дека е набавен нов апарат, со кој на полесен и на побрз начин ги добиваат бактеролошките анализи на водата.

Досега ваквите анализи се одвивале 72 часа, а со новиот апарат крајните резултати излегуваат за 24 часа. Во лабараторијата на Филтер станицата секојдневно се вршат хемиски и бактериолошки анализи, а исто така и во Центарот за јавно здравје-Штип и во Инстутот за јавно здравје, досегашните резултати покажуваат дека Штип има квалитетна вода за пиење.