Штипската болница ќе побара пред Инфективното одделение да има припадници на Армијата
Директорот на Клиничка болница во Штип, Ален Ѓеорѓијев денеска истакна дека ќе побара припадници на Армијата да има пред Инфективното одделение и посочи дека консултациите ќе ги направи со министерот за здравство Венко Филипче.
Тој смета дека е потребно да има припадници на војската пред ова одделение, бидејќи се создава поголема гужва пред дневната Ковид амбуланта, но таму се и тие кои чекаат тестирање.
На регионалниот ковид – центар, односно во Инфективното и Кожно одделение се хоспитализирани 58 пациенти, од кои 31 се на кислородна поддршка, а едно лице од Радовиш починало во болнички услови. Во овој ковид – центар, во кој се лекуваат пациенти од целиот источен регион, бројката на хоспитализирани веќе една недела се движи од 55 до 59 пациенти.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс