Македонија
15. May 2017 - 13:17

Штипјанка ограбена и повредена, од чанта и украле 400 евра

Вчера околу 16.10 часот во Штип, додека Г.Ш. (65) од Штип се движела пеш по ул.„Вардарска“, била пресретната од страна на непознато лице.

Истиот ја повлекол за чантата која ја носела на десното рамо, при што влечејќи ја турнал на земја, а потоа и ја одзел чантата во која имала 400 евра, 600 денари и златник, по што побегнал во непознат правец.

Од страна на Итна медицинска помош, Г.Ш. била пренесена во Клиничка болница Штип, каде што и била констатирана тешка телесна повреда. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.