Спорт плус
14. May 2018 - 9:34

Штипјани го пречекаа европскиот првак

Eвропскиот шампион во карате Емил Павлов вечерва беше свечено пречекан во големата сала во Општина Штип. Градоначалникот, Благој Бочварски, му додели ваучер на Павлов во вредност од 50.000 денари и рачен часовник.
 
„Сакам во мое име и во име на Општина Штип да му го честитам овој успех на нашиот сограѓанин Емил Павлов и да го поттикнам да продолжи со макотрпната работа и да не радува со нови успеси. Општина Штип ќе биде партнер на сите спортисти и спортски клубови кои за возврат нѐ претставуваат во вистинско светло“, рече Бочварски.
 
На овој настан свое поздравно обраќање имаа и претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов, селекторот на машката сениорска карате федерација, Сашко Арсовски и Емил Павлов кој изрази голема благодарност за овој пречек.