Штипјани барале азил спротивно на прописите - Еве што се случило
СВР Штип до ОЈО Скопје – Оддел за организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против К.А.(32) државјанин на Република Србија, со привремен престој во Струмица поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело ,,злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“. Пријавениот на 30.08.2012 година со умисла и од користољубие, а со цел стекнување противправна имотна корист поттикнал и организирал патување на десет државјани на Република Македонија во Република Германија кои со цел стекнување на социјални и економски права побарале азил спротивно на прописите на државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор. Превезеувањето на лицата пријавениот го извршил со патничко моторно возило „Фиат Дукато“. Со извршување на кривичното дело пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 147.600 денари.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците