Македонија
26. April 2017 - 16:01

Штипјанец преку лажен профил на Фејсбук измамил малолетничка

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 34-годишен штипјанец К.Ш. поради основано сомнение за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Тој преку лажен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ побарал од малолетно девојче да му испрати фотографии со интимна содржина по што ги дистрибуирал и ги направил достапни за трети лица.

Случајот, како што денеска соопшти МВР, се случил во јули 2015 година.