Македонија
18. December 2015 - 23:31

Штип го чествува патрониот празник на градот

Професорот по неврологија и невропсихијатрија, доктор Илија Џонов е добитник на орденот „Свети Никола“, највисокото одликување кое го доделува општината. Џонов истакна дека добитник е и на други награди, но наградата која доаѓа од неговиот роден град има посебно и големо значење од емотивен аспект.

- Штип негувајќи ги овие традиции, го негува и својот идентитет. Град кој има свој имиџ- изјави проф. др. Илија Џонов- добитник на орденот „Свети Никола“

Седуммина други штипјани кои дале голем придонес во своите професии , но и го афирмираа „Градот под Исарот“ се добитници на 19 декемвриското признание. Меѓу нив и Марија Максимова, музички уметник и инспирација за многу млади кои ги учат тајните на пијаното.

- Фала му на Господ што ми дал такви ученици, на која што сум многу горда и го преставуваат не само нашиот град и нашето училиште, туку и Македонија и секогаш се враќаме со награди- изјави проф. Марија Максимова,  добитник на признание „19 декември“

По Свечената академија во централниот храм на Брегалничката епахија се одржа концерт на духовна музика  на познатата Дивна Љубоjевиќ и Мелоди.