-->
-->
Штип бара пари за реализација на два проекти во руралните средини
-->
Општина Штип ќе аплицира до Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за рамномерен регионален развој за реализација на два проекти во руралните средини. Лазар Соколов од Одделението за Локален економски развој во Општина Штип вели дека и за двата инфраструктурни зафати, општината ќе одвои дел од парите за реализација. Првиот проекет за кој ќе бараат пари е изградба на дел од локалниот пат, кој ги поврзува селата Шапаварлија-Кошево-Почивало.
- Вкупната вредност на проектот е 1,2 милиони денари. Предвидено е општина Штип да учествува со 10 отсто, односно со средства во висина од 123.007 денари, вели Соколов.
Тој истакна дека вториот проект е реконструкција на водоснабдителен систем во село Љуботен. Се работи за 712 метри водоводна мрежа и обнова на резервоарот за вода во селото. Во ова село жителите со вода за пиење се снабдуваат од неколкуте селски чешми.
- Вкупната вредност на проектот изнесува 921.410 денари, а општината треба да учествува со 51 отсто, односно со околу 469.000 денари, рече Соколов.
Одлуките за аплицирање и за одобрување финансиски средства за учество во двата инфраструктурни проекти ги поддржаа и советниците во Советот на Општина Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор