Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со понуда на нови пакети за целосна мобилност
Шпаркасе Лизинг Доо Скопје продолжува со ширење на својата лепеза на производи и услуги со промоција на новите иновативни пакети за целосна мобилност наменети за сите корисници на лизинг услугите.
“Шпаркасе лизинг како водечка компанија на лизинг пазарот во Македонија следејќи ги трендовите, покрај стандардното финансирање по пат на финансиски и оперативен лизинг ги засилува своите активности во делот на мобилноста и понуда на дополнителни услуги со додадена вредност за своите корисници” изјави Марјан Манчев, Извршен директор на Шпаркасе Лизинг Доо Скопје.
Сите пакети на мобилност ги содржат услугите помош на пат (Македонија и Европа), 24/7 контакт центар со бесплатен телефонски број, мобилна апликација и заменско возило, со што на корисниците им се овозможува непречено движење и мобилност.
Корисниците можат да одберат помеѓу пакетите Мобилност Комфорт, Мобилност Комфорт Плус и Мобилност ВИП.
Пакетите за мобилност започнуваат со цена од МКД 399 месечно, без разлика на одбраниот бренд на возило кое го финансира Шпаркасе Лизинг Доо Скопје.
Сите детали може да се добијат на веб страната Sparkasse lizing - Шпаркасе Лизнинг Мобилност (s-leasing.mk) .
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра