Свет
5. November 2015 - 20:37

Шпанските военопоморски сили спасија над 500 имигранти во Средоземното Море

Шпанските военопоморски сили спасија над 500 имигранти во Средоземното Море кои се упатиле кон Европа, во близина на либискиот брег, јави ТАСС.

Спасени се 517 имигранти, меѓу кои 40 жени, 33 деца и две бебиња, кои пловеле со 20-метарски рибарски брод. Тие се преземени од фрегатата „Канариас“ по шестчасовната спасувачка операција, соопшти шпанското Министерство за одбрана.

Од почетокот на годината, над 750.000 имигранти го преминале Средоземното Море, за да заминат во Европа, а над 3.400 од нив загинале по пат, покажуваат податоците на Светската организација за миграции.