Шпанските региони бараат од владата да воведе полициски час
Регионите на Шпанија денеска ја повикаа шпанската влада да воведе вонредна состојба, што ќе ја постави правната основа за воведување полициски час во борбата против пандемијата на коронавирус.
Десет шпански региони ја повикаа владата да прогласи вонредна состојба, што ќе им овозможи да воведат ограничувања на движењето на луѓето.
Регионите очекуваат владата да свика вонреден министерски совет во недела за да ја одобри мерката, објавија шпанските медиуми, вклучително и весникот Ел Паис.
Регионот Мадрид се противи на воведувањето полициски час
Додека многу региони се склони да воведат некаква форма на полициски час, регионот Мадрид се противи на тоа, што досега спречуваше одлуката да биде иницирана на национално ниво.
Шпанија има најголем број на зараза со коронавирус меѓу западноевропските земји. Вкупниот број на заразени се искачи на 1.046.132 во петокот, додека починаа речиси 28.000 лица кои биле заразени со коронавирус.
Каталонија во петокот вечерта објави дека ќе воведе полициски час во целиот регион
Каталонија во петокот вечерта објави дека ќе воведе полициски час во целиот регион, вклучително и Барселона, веднаш штом централната влада преземе чекори. Потпретседателот Пере Арагонес рече дека е потребно да се воведе децентрализирана вонредна состојба во која каталонската влада ќе го задржи целиот капацитет за управување, притоа предупредувајќи дека развојот на ситуацијата во пандемијата е загрижувачки, и покрај сите напори.
Некои региони размислуваат за воведување вонредна состојба на други начини, преку одлуки донесени во регионалните судови, доколку централната влада не одговори на нивните барања.
Премиерот Педро Санчез веројатно ќе има доволно гласови во парламентот за да воведе вонредна состојба доколку владата одлучи да го стори тоа.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати