Свет
8. February 2017 - 8:38

Шпанскиот премиер Рахој имал телефонски разговор со Трамп

Шпанскиот премиер Маријано Рахој разговараше по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти шпанската Влада.

Во 15-минутниот разговор Рахој нагласил дека државата е во најдобра позиција да биде партнер на новата американската Влада во Европа. Тој додал дека зголемувањето на БДП на Шпанија за повеќе од три отсто ја става државата во добра позиција да биде посредник меѓу САД, Јужна Америка, Северна Африка и Блискиот исток.

Шпанскиот премиер укажал дека благодарение на шпански инвестиции во САД биле отворени 80.000 работни места. Трамп и Рахој разговарале и за прашања од безбедноста, за средбата на лидерите на НАТО во мај и соработката меѓу двете држави во борбата со меѓународниот тероризам.