Фудбал
23. May 2016 - 8:27

Шпанскиот куп за Барселона

Фудбалерите на Барселона го освоија и вториот трофеј оваа сезона откако триумфираа во националниот куп на Шпанија со 2-0 и тоа дури во продолжението. 

Во регуларниот дел немаше голови во цврста и тактички динамична пресметка која не дозволи креација на шанси. 
Севиља имаше можност да го реши мечот откако цели 60 минути имаше играч повеќе по исклучувањето на Маскерано. 
Во финишот од мечот и Банега доби црвен картон со што во дополнителните 30 минути се влезе со израмнети сили. 
Тоа го искористија Каталонците и по двете одлични асистениции на Меси, Жорди Алба и Нејмар донесоа триумф од 2-0 за освојување на 28. трофеј во Копа дел Реј за Барселона.