Бизарно но вистинито
24. November 2015 - 22:20

Шокантно: Сопатник му пикна кобра во кошулата додека го возеше

Шокантна снимка се појави на ЈуТјуб и го прикажува моментот кога човекот кој седел на задното седиште од автомобилот, му уфрлил смртоносна кобра во кошулата на возачот.

Секако снимката доби негативни коментари од повеќето луѓе кои сметаат дека ова е многу неодговорно однесување на пат.

За да се пошегува, сопатникот од задното седиште, му пикна змија во кошулата на возачот на автомобилот. Бидејќи кобрата сопатникот ја држел за опашката, змијата почнала да му се витка под кошулата, а возачот на вчудоневидување на сите гледачи почнал да се смее и да ја зафрла главата наназад. Се чини дека овие луѓе се потполно свесни за фактот дека возачот не може да се сконцентрира на возењето, но тоа не ги спречи хистерично да се смеат, вклучувајќи го и совозачот кој целиот инцидент го снимил.

Останатите возачи од Саудиска Арабија кои го погледнаа ова видео, апелираат до полициајта да ги пронајде и казни овие луѓе за неодговорно однесување, тврдејќи дека ова е еден од главните причини за зачестените сообраќајни несреќи во нивната земја.

Секој момент во Саудиска Арабија се случува по една сообраќајна несреќа, а дневно просечно страдаат по 17 лица.

Снимката е со вознемирувачка содржина: