Живот
25. March 2017 - 12:43

Шокантно: Кастро е жив, само спие и се гледа како дише

На бизарната изложба која е отворена оваа недела во Хонг Конг претставени се речиси реалистични скулптури направени од акрилк и силикон кои на кратко ги оживеаја некои од најголемите комунистички водачи во историјата, вклучувајќи го и Фидел Кастро.

Овие скулптури меѓу кои се и оние на Мао Це Тунг, Ленин, Ким II Сунг изложени се во стаклени сандаци, додека скулптурата ан Фидел Кастро е положена на кревет и благодарение на надреалната анимација може јасно да се види како неодамна починатиот кубански лидер и натаму дише.

Работата да биде по бизарна, рацете на Кастро се затресуваат, а на посетителите им е дозволено да ги допираат.

Автор на оваа несекојневна инсталација наречена „Врв“ е кинескиот уметник Шен Саомин кој вели дека претставува негов одговор на светската финансиска криза, а прв пат е изложена кога Кастро беше се уште жив, во Сиднеј во 2010 година.

https://