Бизарно но вистинито
20. October 2015 - 12:37

Шокантно: Дете принудено да пие пиво и да пуши цигари

Некои родители едноставно не заслужуваат да имаат деца. На видео снимката, за која се верува дека е направена во Шпанија од страна на Романци, малото момче е охрабрувано да пие пиво и да пуши. Се претпоставува дека еден од луѓето кои го принудуваат детето на овие лоши навики е неговиот татко.

Откако му ја става цигарата во уста, јасно може да се слушне смеење во позадина заедно со зборовите: „Така се станува вистински маж“.

Ова видео било објавено од страна на друг Романец кој побара отворена истрага да се открие кои се неодговорните родители и социјалните служби да им го одземат детето.