Шокантна реакција на Бред Пит откако дозна дека Анистон се разведува
Актерите Џенифер Анистон и Џастин Теру се разделуваат по две и пол години брак.
– Одлуката е взаемна и постигната со многу љубов кон крајот на минатата година. Ние сме двајца прекрасни пријатели, кои решија да се разделат како двојка, но сакаме да го продолжиме своето пријателство, се вели во заедничкото соопштение на Анистон и Теру.
По информациите за нивниот развод, медиумите почнаа да пишуваат за можно враќање на старата љубов, меѓу Анистон и Бред Пит. Актерот се разведе од Анџелина Џоли во 2016-та година, а нивната врска е виновник за разделувањето на Анистон и Пит.
Сега на големо се поставува прашањето „Дали емоциите ќе се вратат меѓу старата љубов“.
Овие гласини ги “пресече“ токму Пит кој се огласи по информациите за разводот на неговата прва сопруга.
Шокантно за јавноста, но Пит вели дека не сака да има ништо со Анистон.
Извор близок до него за странските медиуми пренесува дека Бред бил многу тажен кога дознал за разводот, но не планирал да ја контактира неговата поранешна.
-Секако дека беше тажен кога ја слушна таа вест. Но до сега нема контактирано со неа, а воопшто не ни планира тоа да го направи, вели изворот.
Она што ги разлути фановите е изјавата дека Пит дури и се изнервирал велејќи дека тој сега ќе биде мета на медиумите иако со овој развод немал ништо.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто