Живот
13. November 2019 - 9:13

Шокантен случај во Аргентина: Девојче (10) го одвеле на лекар поради болки во стомакот, па дознале дека е бремено

Родителите кои десетгодишната ќерка ја однеле на лекар поради болки во грбот и стомакот, се шокирале кога дознале дека е во осмиот месец од бременоста.

Девојче од аргентинскиот град Посадас тврди дека ја силувал братот (15). Тинејџерот е приведен, но подоцна е предаден под старателство на тетката.

Како што пренесоа медиумите, жртвата не разбрала што и се случува, а братот ја напаствувал само еднаш.

Девојчето треба да се породи во декември и се уште не е свесно за ситуацијата.

Мајката, нејзиниот парнер и седумте деца живеат во добри услови, а како што се наведува, и бебето ќе расте во семејството, но под старателство на бабата. Девојчето по породувањето повторно ќе тргне на училиште.

Наводно, мајката не знаела за злоставувањто и видно се шокирала кога лекарите и ја соопштиле веста.

Бидејќи девојчето е во поодмината бременост, абортус не доаѓал во предвид, но со оглед на младите години, ниту породувањето нема да помине без ризик. Девојчето исто така има инфекција на уринарниот тракт и е анемична. Се наоѓа во болница, каде е под надзор и на неколку психолози.