Македонија
5. February 2016 - 15:17

Шок во Свети Николе: Три години затвор за полицаецот што го уби Далибор Илиевски

3 години затвор за полицаецот Бранко Петков, кој во септември минатата година го застрела 30 годишниот Далибор Илиевски во Свети Николе.

Судот пресуди дека убиството со службениот пиштол е извршено во нужна одбрана, но поради пречекорувања на овластувањата е изречена затворката казна. Мајката и сопругата на Илиевски, неазадоволни од висината на изречената казнена мерка, гласно негодуваа.

-Не сум задоволна. Тој не е утепал мачка па да лежи 3 години, го утепа моето дете- изјави мајката на Илиевски.

- Ова е шок, ова е катастрофа- изјави Рената Илиевска, сопруга.

Кривичниот совет пресудата ја донел врз основа на доказите и изјавите на сведоците. Критичниот ден Петков и Илиевски имале вербална расправија, по што откако полицаецот се обидел да го легитимира, Далибор трганал со автомобилот држејќи го притоа за рака.

Откако Бранко паднал на земја, Илиевски на два наврати се враќал во намера да го прегази, по што Петков пукал во него во седечка положба. И двете семејства најавија жалби до Апелација.

Судот му го укина притворот на Петков и тој ќе се брани од слобода.