Џет-Сет
25. April 2017 - 13:25

Шок: Сека по роденденот колабираше и заврши во болница на инфузија

Пејачката Сека Алексиќ заврши во болница.

Алексиќ која неодамна го објави осмиот студиски албум, и воедно спотот за новата песна, колабираше. Итно е префрлена во болница, каде е приклучена на инфузија.

Да потсетиме, пејачката викендов го прослави 36. роденден во кругот на најблиските пријатели и сопругот Вељко Пиљкиќ.

Сека на еден салаш организираше прослава, а тамбурашите направија одлична атмосфера.