Свет
1. February 2017 - 13:22

Шојгу: Внимателно ги следиме вежбите на НАТО во Црното Море

Руското Министерство за одбрана внимателно ја следи ситуцијата на Црно Море, каде НАТО извршува поморски вежби, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу. 

- Голема група бродови учествуваа во вежбите на Црното Море. Некои се веќе таму, додека други се уште се на пат. Генералштабот и командантот на Јужниот воен дистрикт ги презедоа сите мерки за внимателно следење на таа група и нејзините активности на Црното Море. Можеме да видиме и под контрола да држиме се што таму се случува, рече Шојгу. 

Рускиот министер изрази надеж дека вежбите ќе бидат одржани во најбезбедно опкружување и без какви било предизвици за Русија. 

- Во спротивно ќе бидеме подготвени да одговориме на тие предизвици, заклучи Шојгу.