Свет
22. December 2016 - 17:46

Шојгу ја спореди британската војска со нацистите

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу ја обвини денеска британската војска дека користи руски воени ознаки за обележување на непријателските сили во текот на вежбите, според методот, за кој вели дека го користела нацистичка Германија за време на Втората светска војна.

Шојгу истакнал дека британските трупи во центарот за тренажна обука во Солзбери плејнс почнале „да користат тенкови од руско производство и униформи на руската војска, со кои го означуваат непријателот“.

- Последен пат таква метода на обука користела нацистичка Германија за време на Втората светска војна, нагласил Шојгу.

Тој додаде дека НАТО двојно ги интензивирал воените вежби, а поголемиот дел од нив се „антируски“.