Фудбал
1. September 2019 - 18:10

Шкотското дерби за Селтик

Шкотски Селтик е нов лидер на табелата во првата лига откако фудбалерите на Нил Ленон славеа на „Олд Фирм“ дербито нагости против Глазгов Ренџерс со 2-0.

Првиот гол за Селтик беше дело на Едуар во 32 минута.

Рамноправен меч, без голем број шанси се играше се до 93 минута кога гостите преку Хејнс погодија за конечни 0-2 и нови три бода за четврти триумф од исто толку меча во новиот шампионат.