Loading Video...
Фудбал
22. July 2019 - 16:29

Шкендија утре против Дуделанж во меч од квалификациите за ЛШ

Тетовска Шкендија утре против Дуделанж го игра првиот меч од второто квалификациско коло за Лига Европа. По елиминацијата во Лигата на шампионите од естонски Номе Калју македонскиот првак Шкендија, ќе има шанса за „поправен испит“ во Лига Европа. 
 
Тетовци утре против луксембуршкиот тим Дуделанж  го играат првиот од двата натпревари во Лига Европа. Противникот нема смее да се потцени иако доаѓа од Луксембург, бидејќи составот на Дуделанж минатата сезона играше во групната фаза во Лига Европа, 
 
Утрешниот дуел меѓу Шкендија и Дуделанж кој ќе се игра на арената „Тодор Проевски“  ќе започне од 17 часот и 55 минути. Реванш средбата  закажана  за седум дена подоцна (30 јули) ќе се игра во истиот термин.  
 
Доколку Тетовци, го минат овој противник во третото  квалифиакциско коло ќе играат со поразениот од дуелот меѓу шкотски Селтик и Номе Калју, тимот кој ја елиминираше Шкендија од Лигата на шампиони. Имајќи го в предвид квалитетот и реномето на шкотскиот гигант,  можен е „римеч“ меѓу Шканија и Номе Калју, но тогаш во 3.коло од квалификациите за Лига Европа.