Фудбал
18. October 2019 - 19:52

Шкендија „падна“ во Тетово!

Екипата на Академија Пандев е нов лидер во домашното фубалско првенство откако славеше на гостувањето кај шампионот Шкендија во Тетово минимално со 1-0.
Единствениот погодок гостите го постигнаа на истекот на првиот дел кога Стојковски изведе корнер а Маслаќ беше најприсебен и со глава го матира домашниот голман Захов.
Оваа победа ги исфрли „пандевци“ на врвот на прволигашката табела со бод повеќе од Вардар кој својот меч го игра викеднов во Ѓ.Петров против домашната Македонија.