Loading Video...
Фудбал
25. August 2019 - 19:45

Шкендија освои само бод против Македонија ЃП, Струга ја забележа втората победа

Шампионот, Шкендија и по третиот натпревар не успева да оствари победа. Овојпат тетовци пред својата публика одиграа нерешено 1:1, со Македонија ЃП.   Гостите го отворија резултатот со голот на Бразилецот, Паду во 38.минута. Само три минути подоцна (41-ва) по изведениот корнер од левата страна во Бејтулаи ги постави конечните 1:1. 

Новиот прволигаш Струга ја забележа и втората победа совладувајќи го Силекс пред својата публика со 2:0 . Двата гола за домаќините ги постигна Христијан Кировски

Иако гостите беа оние кои први создадоа неколку шанси за гол, сепак домаќините поведоа со голот на Кировски во 30-тата минута. По само пет минути игра во вториот дел (50-.минута) Силекс израмни преку Гроздановски на 1:1. Сепак не мина многу време, а веќе во 66.минута Кировски го постигна вториот гол за конечни 2:1. 

На останатите натпревари. Шкупи и Ренова одиграа нерешено 2:2, додека Академија Пандев го поебди Борез со 2:0 

Потсетување дека вчера во скопското дерби Вардар со 2:0 го победи Работнички со головите на Колевски (56) и Аврамовски (90+1). 

 
                       ТАБЕЛА                    
  1  АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ   7
  2  РЕНОВА                         7
  3  СТРУГA                          6
  4  МАКЕДОНИЈА ГП         5
  5  ШКУПИ                           4
  6  ВАРДАР                         4
  7  РАБОТНИЧКИ               3
  8  СИЛЕКС                        3
  9  ШКЕНДИЈА                   1
10  БОРЕЦ                          1