Loading Video...
Фудбал
28. August 2020 - 10:24

Шкендија и Ренова се пласираат во 2.коло, Шкупи го заврши настапот во Лига Европа

 
Екипите на Шкендија и Ренова му се кликлучуваат на Силекс во втората рунда во Лигата на Европа, во која пласман не успеаја да обезбедат фудбалерите на  Шкупи. 
 
Со голот на Мишковски постигнат во 58.минута фудбалерите на Ренова забележа минимална победа со 1-0 на гостувањето во Ерменија кај Алашкерт.
 
Во Азербејџан, македонските тимови имаа половичен успех. 
 
Два реализирани пенали и тоа на Ибраими во 56-тата и Дориев 89.минута беа доволни Шкендија со 2-0 да го победи тимот на Сумгаит. 
 
Европската „авантура“ ја завршија фудбалерите на Шкупи кои во Баку загубија со 2-1 од фаворит Нефчи. Голот за Шкупи го постигна Дарбо Дембо во судиското надополнување.
 
Така во втората рунда на Лига Европа, Македонија ќе има тројца претставници. Покрај, Шкендија и Ренова, и фудбалерите на Силекс ќе го очекуваат својот противник преку кој ќе се обидат да овезбедат пласман во третото коло. 
 
Ждрепката за второто коло во Лига Европа ќе се одржи во вторник 1 септември.