Loading Video...
Фудбал
22. September 2021 - 19:06

Шкендија, Борец и Шкупи се пласираа во осминафиналето на Купот на Македонија

Попладнево беа одиграни три средби од првата рунда во Купот на Македонија, по што познати се и  последните екипи кои ќе играат ви 1/8_финалето.
 
Прволигашите Шкендија, Борец и Шкупи ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа во осминафиналето на Купот на Македонија . 
 
Сите три тима одиграа на гостински терен и тоа Тетовци славеа во Штип против Кит Го со 2-0, додека Шкупи со голот на  Марко Ѓоргиевски во првиот дел минимално со 1-0 ја победи екипата на Њу Старс. Најубедлив беше велешки Борец кој со 4-1 ја совлада екипата на Велешта. 
 
Претходно директен настап осминафиналето имаа осигрурано бранителот на трофејот Силекс,  финалистoт Академија Пандев, додека преку дуелите од првата рунда меѓу шеснаесетте најдобри се пласираа сите прволигаши: Македонија ЃП, Скопје, Пелистер, Ренова, Работнички, Тиквеш, Струга ТЛ, Брегалница, како и екипите на Вардар, Беласица и Охрид кои настапуваат второлигашката конкуренција