Македонија
12. October 2021 - 13:16

Шилегов: За речиси двојно го намаливме загадувањето на воздухот за четири години, стратегијата функционира

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје и тоа е добра вест за скопјани. Официјалните бројки покажуваат нешто многу поразлично од тоа што го покажувале пред 4 години односно може да се забележи дека просечната вредност на ПМ честички на метар кубен е намален речиси за двојно. Ако во 2016 година сме имале 71,9 микрограми на метар кубен ПМ честички во 2020 имаме само 40, што е одличен резултат.

„Иако се верува дека метеоролошките прилики се тие кои значително влијаат на квалитетот на воздухот, гледаме дека на годишно ниво, брзината на ветерот и температурата биле со речи си константни вредности. Ова значи дека токму мерките дале резултати а не различните временски прилики“ – истакна градоначалникот Шилегов.

Градот презема многу мерки за загадувањето а резултатите и мерењата покажуваат дека стратегијата функционира. Се обезбедија субвенции за купување инвертери, чистење на оџаци, за 15.000 велосипеди. Се набавија нови 33 автобуси на гас, се подигнаа 300.000 м2 ново зеленило а инспекциските контроли се зајакнаа. Многу важен аспект на борбата со загадувањето е враќањето на Дрисла во владение на градот, каде веќе се користи новиот инсенератор за третирање на медицинскиот отпад.

„Сите овие мерки дадоа одличен резултат и резултираа со 10.000 активни оџаци помалку во Скопје и100-ина заменети котли за греење на државни згради. Затворивме 10 диви депонии и ги исчистивме сите во рамки на ГУП а на нивно место посадивме дрвја и зеленило“ – истакна Шилегов.

Овие добри стратегии ги продолжуваме и во следниот мандат. Издвоивме високи 4 милиони евра субвенции за инвертери и средства за 30.000 субвенционирани велосипеди. Градот ја заврши секундарната гасификација и подготвени сме да реализираме финална фаза и да донесеме гас до домаќинствата.

„Да не заборавиме дека градежните активности на Градот не се мегаломански и непотребни проекти кои дополнително го задушуваат нашиот град, неговиот воздух и естетски. Овие бројки се доказ дека се движиме во вистинскиот пат кога станува збор за загадувањето и мојата намера, нашата намера е да продолжиме во таа насока“ – заклучи Шилегов.