-->
-->
Шилегов за новогодишното украсување: Немам право да ја одземам надежта на децата
-->
Град Скопје од вчера почна со новогодишно украсување на градот. Предвидено е до 5 декември Плоштадот Македонија и улиците во центарот на градот да светнат со новогодишни украси и светилки. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека и покрај коронакризата, градската власт не се откажува од празнична, новогодишна атмосфера низ улиците и плоштадите во главниот град, бидејќи на тој начин ќе се врати надежта и насмевките на лицата на граѓаните, особено на децата, објави СДК.МК.
Годинава градот само ќе биде украсен, нема да се организира новогодишната манифестација „Винтерленд“, ниту ќе има прослава за дочек на Нова година.
Тендерот за новогодишно украсување на градот чини 200.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората