Шилегов: Стратешкиот пристап кој го имам поставено за развој на градот ќе даде резултати на локалните избори
Сите анализи покажуваат задоволство на граѓаните од постојаниот градоначалник, односно од мене и јас мислам дека мојата работа ќе ја продолжиме заедно со скопјани, истакна денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува победа на претстојните локални избори.
– Јас немам намера да се занимават со ДПМНЕ, особено затоа што не гледам дека таа партија нуди или креира градски политики. Јас имам намера да се занимавам со нашиот град и нашите сограѓани, да ги решаваме проблемите. За мене е ирелевантно која кандидатура ќе ја исфрли политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, изјави Шилегов.
Тој потенцира дека стратешкиот пристап што го имал поставено како градоначалник, а се однесува на развојот на градот, ќе даде резултати.
– Многу работи кои што сериозно беа запоставувани во минатото и тоа како се решаваат. Некои се видливи, а има некои кои летово ќе бидат сериозно видливи. Различни се коментарите на оние кои сакаат да ги злоупотребуваат податоците и велат 69 отсто од скопјани се незадоволни од градоначалникот со оглед на тоа што 31 процент се задоволни, тие проценти се многу во политиката, и еве на тие кои сакаат да кажат дека градоначалникот има рејтинг 31 отсто, ВМРО-ДПМНЕ има 16 проценти, заклучи Шилегов.
Ново на Сител
-
Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче, соопштува МВР
-
Муцунски: Овој ден е почеток на крајот на оваа власт
-
48% од гласачите гласале до 18.30 часот
-
Арбен Таравари: Граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
-
Билјана Ванковска: Првиот и најважен чекор е граѓаните да гласаат, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер
-
Максим Димитриевски: Посакувам да победи демократијата и Македонија
-
Бујар Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата