Македонија
14. September 2018 - 16:24

Шилегов со внатрешна контрола ќе „вади предмети од фиока“

Лиценца за такси дејност се чека половина година, барање за сообраќајна согласност не може да се добие над два месеци.. Граѓаните се жалат дека нивните предмети во фиока ги чуваат административците на градот Скопје.. 

Во следните два месеца нерешените предмети во Град Скопје ќе ги анализира внатрешна контрола.. Градоначалникот Шилегов вели дека тоа е реформа на администрацијата за да се подобрат услугите за граѓаните.. 

„Она што е познато е дека кога ќе дојдете и кога ќе поднесете предмет одите од барака до барака, од канцеларија во канцеларија и не ја добивате бараната услуга. Мојата цел е во овие два месеца се што е незавршено да  биде евидентирано и да ги видиме причините кои ги натерале вработените да не го сработат предметот“, изјави Петре Шилегов, Градоначалник на Скопје.

Освен контрола над вработените, градските власти најавиа и роковник за решавање на предметите.. Ги повикаа граѓаните кои имаат било каков проблем со администрацијата во Град Скопје да го пријават на интернет на kontrola@skopje.gov.mk.