Македонија
28. May 2019 - 20:04

Шилегов претстави проект за забавен парк - ќе биде готов до следното лето, но не знае колку ќе чини

Наместо луна парк градоначалникот ја презентираше студијата за забавен парк наречен „СВЕТОТ“. Долгоочекуваниот проект превидува 24 реквизити од кои 7 се набавени од претходната власт. Шилегов не знае колку дополнително средства ќе треба да вложи во паркот но уверува дека пари ќе има.  Се уште нема решение каде посетителите ќе ги паркираат возилата но ветува нема да уништи ниту дел од зелената површина. Овој забавен парк треба да биде готов кон средината на следната година.

- 26.000 квадратни метри, и ќе обезбеди нови најмалку 100 директни вработувања, а над 500 индиректни нови вработувања.  Ќе биде регионална атракција, имајќи предвид дека ваков парк не постои во радиус од 250 километри.

Проектот е донација од италијанска фирма која проектирала 45 забавни паркови низ светот. Авторот на студијата очекува според проектираниот буџет паркот да чини околу 11, 7 милиони евра.

„Паркот ќе има 24 реквизити, вклучувајќи го и популарниот ролер костер. Овој парк ќе биде наменет за цело семејство. Всушност, 80% од паркот ќе биде детско-семејна област, а останатите 20% ќе биде адреналински дел, за оние кои бараат поголеми возбудувања. Тој ќе содржи и паркинг од 11.000 квадратни метри, ресторани, продавници, тоалети, театар со 200 седишта, фонтани, како и своја внатрешна инфраструктура за лесно снаоѓање“

Со новиот забавен парк ќе управува градот Скопје.