Шилегов: Оваа година е дури три пати подобар квалитетот на воздухот
Во новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи“ оформено од Град Скопје, има вкупно осум вработени кои работат на проектирање на ширење на топловодната мрежа, за што е можно повеќе граѓани да ги доведеме во состојба да бидат приклучени на оваа мрежа, бидејќи идејата е дека така се добива многу еколошки и е дефинитивно поевтино затоплување на домовите, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Тој појасни дека градот е должен сам да креира своја сопствена енергетска политика и само така навистина ќе се посвети на грижата за граѓаните.
-Овие осум вработени работат на проектирање на топловодни мрежи, ги знаеме водовите како се движат, мрежата е запишана таа е сопственост на градот меѓутоа дисперзија да може да дојдеме до објекти кои се изградени и објекти кои се градат. Едноставно да имаме готови проекти за во моментот кога ќе стартуваме да можеме да ја развиваме мрежата многу полесно. Интензивно ја развиваме топловодната мрежа во северниот дел од градот со цел да Топлана Север чиј капацитет е неискористен да ја внесеме во системот и да има што е можно поголем број на корисници, рече Шилегов денеска на прес-конференција прашан за тоа што точно работи новото јавно претпријатие.
Според градоначалникот, веќе три години по ред имаме сериозно подобри резултати со квалитетот на воздухот, а оваа година е дури три пати подобар квалитетот на воздухот.
Додаде дека ова се должи на интензивното работење на инспекциските служби и на акциите кои ги спроведува Градот.
– Оваа година дури три пати е подобро, но тоа не значи дека таа битка сме ја добиле. Меѓутоа кога три години одите во нагорна линија во поглед на загадени денови, тоа дефинитивно значи дека сме фатиле еден позитивен тренд кој што се должи на интензивното работење на инспекциските служби, на акциите кои ги спроведува Градот за чистење на оџаците, за инвертерите, за пријавување на огин на отворено. Со некои такви чекори кои можеби навидум не изгледаат атрактивни, дефинитивно влегуваме во подобрување на квалитетот на воздухот.
Според Шилегов, енергетската политика и затоплувањето на домовите се столб на добивање на таа битка, и затоа смета дека градот е должен и градот мора да биде интерактивен во таа политика.
Ново на Сител
-
Австрија набавува милион дози од вакцината Спутник В
-
Војската на Мјанмар уби 80 демонстранти во градот Баго
-
9 починати и 570 заразени од Ковид-19 во Косово
-
Во Драч запленети 140 килограми кокаин скриен во контејнер со банани од Еквадор
-
Филипче: Со масовна вакцинација до побрзо справување со коронавирусот
-
Николовски: Недопирливи нема, градиме држава во којa виновните се казнуваат а праведните напредуваат
-
32 починати и 1.092 нови случаи на Ковид-19
-
Ѓорѓија Сајкоски ќе го води изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локалните избори