Македонија
7. May 2021 - 12:21

Шилегов: Не можам да го преземам Вардар со долг од 3,5 милиони евра

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во гостување во утринската програма на Сител телевизија кажа дека се уште има заинтересирани купувачи за Вардар, но најпрво треба да се врати долгот од 3,5 милиони евра.

„Вардар е приватен клуб. Некој одлучил да го продаде, а не нашол механизам како да се покријат трошоците. Јас не можам да го земам клубот со долг од 3,5 милиони евра“, кажа Шилегов.

Пред извесно време се појавија информација дека Катарци се заинтересирани за Вардар. Шилегов вели дека нивниот интерес се уште е актуелен.

„Инвестицијата од Катар не е затворено прашање. Но, за да се заокружи и тој процес треба да добиеме гаранција за враќање на средствата од актуелното раководство“.