Македонија
6. December 2016 - 15:40

Шилегов на средби со граѓани во Гостивар

Носителот на листата за кандидатати за пратеници во шестата ИЕ, од редовите на СДСМ, Петре Шилегов денеска оствари средби со граѓани на градскиот пазар во Гостивар.

Тој нагласи дека во разговорите, граѓаните се пожалиле на нискиот стандард и намалената куповна моќ.

- Луѓето се жалат дека ниту можат да купуваат, ниту пак да го зголемат бизнисот. Заради тоа ќе ги извадиме луѓето од сиромаштијата со посебната социјална програма која ја нуди СДСМ. По 12 илјади денари за секое социјално загрозено семејство, подвлече Шилегов на прес конференцијата која со неговите сопартијци ја одржа во близина на градскиот пазар.