Македонија
5. September 2017 - 17:07

Шилегов кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје - 27 независни кандидати за градоначалници

Петре Шилегов, влегува во трката за градоначалник на Скопје. Социјалдемократите ја потврдија неговата кандидатура за прв човек на главниот град. Иако од ВМРО-ДПМНЕ се уште официјално не соопштуваат, сепак речиси извесно е дека Шилегов ќе му биде против кандидат на актуелниот скопски градоначалник Коце Трајановски, кој веќе на јајави звојата кандидатура за втор мандат.
 
Како што засега стојат состојбите, а со оглед на тоа дека ниту еден независен канидат не собираше потписи за кандидатура за градоначалник на Скопје, битката ќе биде меѓу овие двајца кандидати.
 
СДСМ ги официјализираше и речиси сите имиња за кандидатите за градоначалници во скопските општини, освен за општина Центар, каде актуелниот градоначалним Андреј Жерновски веќе ги собра неопходните потписи за независна кадидатура.
 
Сепак, иако тој в раце ги има потребните потписи, до денеска се уште не ја официјализирал трката како независен канидат, што според неофицијалните информации значи дека преоворите со СДСМ се уште не се завршени. Интересно е што жерновски потписи собирал само за градоначалничка кандидатура, а не и за листа на Советници во општина Центар.
 
Од официјалните канидати СДСМ соопшти дека во општина Карпош, ќе се се трка Стефан Богоев, каде се поизвесно е дека ќе се соочи со актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски.
 
СДСМ во општина Аеродром ќе оди со Златко Марин. Велимир Смилевски во општина Бутел, Борче Георгиевски во Гази Баба, Александар Наумоски во Ѓорче Петров, и Филип Темелковски во општина Кисела Вода.
 
Меѓу потврдените канидати се уште 23 имиња. Меѓу Нив е и Јован Стојановски како канидат за Охрид и Благоја Бочварски во Штип.
 
Опозициската ВМРО ДПМНЕ засгеа објави пет кандидати за градоначалници. Од скопските општини официјнално нема потврда за ниту еден кандидат. Неофицијално Ивица Коневски ќе се трка во Аеродром, Владо Мисалјловски во Ѓорче Петров, Јохан Тарчуловски во Кисел Вода, Боби Бојчевски во општина Бутел. Тие имале највисок рејтинг во интерните анкети.
 
Инаку, ДИК денеска соопшти дека за локалните избори 27 кадидати за градоначалници ги собрале потребните потписи исто така и 47 независни советнички листи.
 
16 септември е последниот рок за потврдување на канидатите за трката за локалните избори.