Македонија
20. September 2018 - 17:48

Шилегов демантира дека користи калдрма од плоштадот Македонија за неговата викендица во Маврово

Објектот кој што јас го градам во Маврови Анови нема гранитни плочки преземени од депоата на Град Скопје, вели градоначалникот Шилегов, негирајќи ги информациите дека во дворот на неговата куќа, се реди дел од скопската калдрма. Според него се работи за креирање лажни вести, кои влијаат за дополнително разнишување на општетсвото во кое што живееме.

Доколку гранитните коцки за неговата луксузна вила на Маврово, не се земени од депоата на ЈП „Улици и патишта“, од ВМРО ДПМНЕ побараа од првиот човек на Град Скопје да ги покаже фактурите од каде се купени.

Потврдувајќи дека викендицата која се гради на брегот на Мавровското Езеро е во негова споственост,градоначалникот Шилегов побара од порталот кој што прв ја пласира ваквата информација јавно извинување.

Бранислав Јанески Сител ТВ