Македонија
11. February 2017 - 19:45

Шетајќи го своето куче низ Градски парк, пензионер бил нападнат од кучиња-скитници

Шетајќи го своето куче низ Градскиот парк, бил нападнат од кучиња-скитници. Пензиониран Скопјанец пред камерата на Сител го раскажа непријатното искуство кое го имал со агресивните скитници. Во обид да го спаси својот миленик, тој бил гризнат за ногата.

Во главниот град може да се забележат се повеќе кучиња-скитници. Групирани во глутница, најчесто се движат покрај контејнерите, пред влезовите од зградите, но и по парковите. Дел од нив се агресивни и напаѓаат, а најчести жртви се децата, жените и старците. Граѓаните со поделени ставови. Некои се плашат од нив, а други пак ги хранат.

Сепак, најголем дел од бездомните кучиња се содветно третирани. Постојано се вакцинираат против беснило, а нивното размножување се спречува со кастрирање.

Состојбата со кучињата скитници ја следи ЈП “Комунална хигиена”.

Специјализиран тим врши теренска идентификација, а месечно се заловуваат околу 250 кучиња. Скопје е ден од неколкуте градови во Европа и светот, каде во централното градско подачје можете да сретнете глутници кучиња или по некој скитник. Во Европа и светот, ваква слика, посебно во центар, нема да видите.