Тенис
16. May 2021 - 13:01

Шесто финале Ѓоковиќ – Надал во Рим

Најдобриот светски тенисер, Србнот Новаќ Ѓоковиќ, и Шпанецот Рафаел Надал ќе играат попладнево од 17 часот во финалето на мастерс турнирот во Рим.

Ѓоковиќ се избори за своето 11. финале во италијанската престолнина по голема борба против домашниот тенисер Лоренцо Сонега, додека Надал 12. пат во кариерата ќе игра финален меч на „Форо Италико“, откако во саботата во два сета го елиминираше Американецот Рајли Опелка.

Српскиот тенисер ја брани титулата во Рим и ќе се обиде да го освои својот шести трофеј, додека евентуален триумф на Надал ќе му го донесе 10. трофеј на римскиот турнир.

Денешниот меч ќе биде шесто финале меѓу Ѓоковиќ и Надал во Рим, по меѓусебните пресметки во 2009, 2011, 2012, 2014 и 2019, а Шпанецот има ефект од три победи.

Наградниот фонд на Мастерсот во Рим изнесува 2.082.960 евра.