Македонија
23. November 2018 - 19:42

Шестнаестгодишно момче ограбено во Скопје

Шестнаесет годишно момче е ограбено вчера во Скопје од страна на непознати лица, а случајот во полиција го пријавила неговата мајка.

Ј.Ѓ.А.(47) од Скопје пријавила синоќа дека истиот ден околу 17.20 часот на улица „Мирче Ацев“ непознати лица извршиле разбојништво над нејзиниот 16-годишен син и неговиот другар.

Разбојниците му одзеле паричник, 600 денари и картица „Скопска“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.