-->
-->
Шести пораз во низа за МЗТ Скопје во АБА лигата
-->
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го доживеа шестиот пораз по ред во АБА лига, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ загуби од Цедевита со 65:70 (20:12; 14:17; 16:19 и 15:22)
Воедно за гостите од Загреб ова беше шеста победа во серија по што евролигашот останува во конкуренција за највисок пласман во регионалното натпреварување.
Најефикасен кај домаќините беше Ѓорѓе Дреновац со 18 поени, во победничкиот состав Миро Билан реализира 14 поени.
На првиот денешен натпревар Металац на домашен терен беше поуспешен од Мега Лекс со 83:76.
Претходно играа: Сутјеска – Задар 71:60, Игокеа – Тајфун 71:82, Партизан – Олимпија 76:64 и Цибона – Будуќност 69:91.
Последната средба од оваа рунда на програмата е утревечер во 21 часот кога Крка ја пречекува Црвена звезда.
Цедевита со десет победи и три порази е на втората позиција веднаш зад лидерот Будуќност, додека МЗТ е меѓу трите последнопласирани екипи со девет порази и само четири триумфи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024