Свет
16. December 2019 - 11:11

Шест жртви во зимска бура во САД

Шест лица во две американски држави загинаа во бурата која го зафати централниот дел на САД, соопштија властите.

Бурата го зафати регионот од Карпестите Планини до Средниот Запад, соопшти Националната метеоролошка служба. Се очекува во текот на денешниот ден бурата да го погоди Источниот брег.

Околу 13 милиони лица од Колорадо до Конектикат се во зоната на предупредување за опасно време, додека можно е влијанието да засегне 39 милиони луѓе во 16 држави.