Македонија
19. March 2020 - 21:30

Шест нови случаи во Македонија - меѓу нив и 4 годишно дете

Четиригодишно девојче од Штип е меѓу заразените од Ковид-19. Според епидемиолошката анкета, се заразило во градинка во Англија. Девојчето во моментот е на инфективното одделеление во штипската болница. Меѓу новозаразените три лица се од Дебар.

-Во Скопје е потврден еден случај, лице кое што имало контакт со еден од претходно дијагностицираните случаи во изминатите два дена, а мапирано со епидемиолошката анкета на пациентот. Уште еден случај е потврден од Гостивар. Тоа е жена која што е вратена од Швајцарија. После пристигнување во земјата, според епидемиолошката анкета била во домашна изолација, се јавила сама на тестирање и навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија, рече Филипче.

Сите хоспитализирани пациенти се во добра здравствената состојба. И пациентката која е на респиратори е со стабилни витални параметри.

Направен е план болницата „8 септември“ да се стави во функција за сите случаи што се сомнителни или дијагностицирани со коронавирусот, а на кои им е потребна и друг тип на интервенција.

Филипче информира дека Министерството за здравство има план како ќе се трансформираат одделенијата за да можат да примат пациенти заболени од коронавирус, доколку бројката нагло скокне.

-На самата клиника за инфективни болести капацитетот е исполнет нецели 25 отсто. Таму на располагање има 110 кревети и планот за следна институција да биде болницата „8 Септември“ е од две причини. Прво за да потребата да имаат друга здравствена услуга, а таму има се. Освен тоа, може да се трансформира во институција која по исполнувањето на Инфективната клиника може да ги третира овие пациенти, рече Филипче.

Од следната недела ќе треба да почнат со работа пунктови за тестирање во рамки на Здравствениот дом во Скопје.

Утре вои Дебар ќе се упатат уште еден пулмолог и еден педијатар.