Македонија
8. November 2018 - 11:09

Шест неексплодирани артилериски гранати откриени на Пелистер

Вчера во 08.43 часот во Полициската станица Битола било пријавено дека при извршување на градежни работи на место лоцирано до патот на Национален парк „Пелистер“ биле пронајдени шест стари неексплодирани гранати.

Од страна на пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за стари неексплодирани артилериски гранати калибар 75мм од Првата светска војна.

Гранатите биле безбедно подигнати.