Свет
10. November 2017 - 10:03

Шест лица загинаа при уривање на дел од зграда во Русија

 Биланост на жртви од експлозија во станбена зграда, при што се урна дел од објектот, се искачи на шест, додека три лица се повредени, а двајца се уште не се пронајдени. 
 
Сите повредени се тинејџери, а едниот е хоспитализиран. 
 
 
Како што јави МИА, во Ижевск вчера околу 16.30 часот делумно се урна зграда, а локалните власти наведоа дека најверојатно тоа е последица од експлозија на плинска боца. 
 
 
Рускиот Истражен комитет покрена истрага за инцидентот.