Македонија
18. March 2021 - 12:40

Шест лица во Гевгелија по втор пат се заразиле со Ковид-19

Освен новите, во Гевгелија регистрирани и случаи на реинфекција со коронавирус. Од Центарот за јавно здравје информираат дека веќе имале шест пациенти кај кои повторно е констатиран вирусот. Според епидемиологот Сашко Олумчев главна причина за ваквата состојба е непочитувањето на мерките и неодговорното однесување на голем број од граѓаните.

Олумчев е на ставот дека се потребни поригорозни мерки бидејќи само на тој начин ќе се спречи продолжување на овој негативен тренд. Според него загрижувачи е и податокот што паралелно со растот на новите случаи се намалува медицинскиот персонал бидејќи голем дел или се позитивни или во изолација, а тоа за кратко време може да биде голем проблем.

Поради намалениот број на медицински персонал гевгелиската болница пред десетина дена го намали обемот на работа, на хирургија се вршат само итните операции, а дополнителни мерки воведе и општината. Во моментов во југоистокот од државата активни се 715 случаи со коронавирус. Од 300 се регистрирани во Гевгелија.