Loading Video...
Свет
8. December 2018 - 21:53

Шест лица од кои петмина малолетници загинаа во Италија

Шест лица од кои петмина малолетници загинаа, а повеќе од 100 се повредени во стампедо кое рано утрово се случило во ноќен клуб во градот Кориналдо во провинцијата Анкона во централна Италија.

Според информациите кои ги објавуваат локалните медиуми, паниката меѓу присутните настанала откако во ноќниот клуб бил пуштен гас кој предизвикувал гушење и печење.

Италијанската полиција соопшти дека привела 8 лица под сомнение дека во дискотеката пуштиле солзавец со цел да создадат паника која би ја искористиле за да ги украдат вредните работи на присутните.  Полицијата истражува и дали излезот од клубот наменет за итни случаи бил заклучен како што тврдат некои од повредените.